Гасли: Односот на Ред Бул и Хонда никогаш не се промени

Пјер Гасли откри дека односот на Ред Бул Формула 1 тимот и производителот Хонда никогаш не се променил и покрај тоа што јапонците официјално го напуштија спортот на крајот од минатата година.

Уште во пандемиската 2020 година Хонда објави дека на крајот од следната година заминува од спортот поради желбата да се насочи кон електрификација на совјата гама, но соработката со “биковите“ продолжи. Тие имаа договор за соработка за моторите до 2025 година, до крајот на актуелната ера агрегати.

Во Среда во пресрет на тркачкиот викенд во Јапонија беше објавено дека логото на Хонда се враќа на болидот на Ред бул и оној на АлфаТаури до крајот на сезоната.

сеушта работам со истите инженери, сеуште контактираме со истите луѓе од хонда, знам дека официјално не се повеќе дел од формула 1, но кога зборуваме за моторот, зборуваме за оној на хонда. работите не се променија воопшто, освен она што е напишано на хартија.

работам со нив многу години, знам колку се ефикасни и како притискаат и со колку мотив работат кога нешто сакаат да се случи. одлично е што остануваат и во иднина дел од спортот – задоволн е гасли.

Тој првично изрази изненадување за заминувањето на Хонда, но откако потврдија дека се враќаат, сака да останат во тркачката серија и по 2026 година.

откако освоивме титула мислев дека ќе се премислат и ќе се вратат за да го жнеат плодот на својата напорна работа минатите неколку години. на било која компанија тоа многу ќе и значеше, но си имаа свои причини за заминување.

од почетокот ред бул бараа начин да ги задржат во српот на некој начин, да останат и да работат заедно. големата слика не ја гледа хонда како производител, но тие имаат фабрики и ресурси да снабдуваат врвен формула 1 тим.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ