Гасли се подготвува за емотивно збогување со АлфаТаури

По поминати пет години во Ред Бул и АлфаТаури, Пјер Гасли ќе го напушти тимот и ќе премине во Алпин по крајот на оваа тркачка сезона. 

Иако немаше многу поени оваа годинава, последен пат заврши во топ 10 во Сингапур, но сепак има доста поени на неговата суперлиценца поради која може да пропушти една трка. 

Ова ќе биде многу емотивен викенд за мене зато што ќе биде Последна трка за мене и тимот по пет години. Имавме одличен работен однос, Ги познавам сите во тимот лично и приватно. Имаме доста историја и мислам дека нема многу возачи кои поминале пет години со тим. Имав одлични моменти и се надевам дека со успех ќе ја завршам последната трка. за нив – посочи французинот.

Тој на последната трка заврши на 14та позиција, но сега се надева на подобра трка. 

Бразил не беше добар за нас. На последната трка сакам да се изборам за подобра позиција за тимот. Минатата година завршив на 5то место, а Оваа година е тешка за нас. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ