Германија си заминува од календарот, Кореја се враќа

Стефано Доменикали, Главниот извршен директор на Формула 1, потенцираше дека календарот на спортот за наредната година ќе биде составен од 23 трки, но нема да има трка во Германија. 

Местото на трката во Германија неколку години по ред е нестабилно. Трки не се одржаа во 2015 и 2017 година, а настанот беше откажан во 2020 и 2021 година иако сепак Ајфелското Гранд При се одржа на Нурбургринг. 

Имам чувство дека организаторите не се осмелуваат да одржат трка – посочи доменикали.

Проблемите се најверојатно од финансиска природа поради намалените продажби на карти и ограничениот капацитет на гледачи поради пандемијата. 

Гледајте ја Холандија која се распродаде за наредните три години. 

Трката во Мајами ќе се одржи во Мај 2022 година и според Доменикали веќе се распродава. 

Можам да замислам околу една третина трки во Европа и другите низ светот. 

Италијанецот потврди дека се размислува за трка во Африка, а наредната сезона сигурно ќе започне во Бахреин, но можно е враќање и на Јужна Кореја. Корејското Гранд При се одржа четири пати од 2010 до 2013 година и таму победи Алонсо со Ферари и Фетел со Ред Бул на последните три трки. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ