Главниот правец на Силверстон ќе го носи името Хамилтон

Силверстон решија да го променат името на главниот правец во чест на Луис Хамилтон и неговата седма шампионска титула. 

Клубот на Британски тркачки возачи (БРДЦ), кои го поседуваат аводромот Силверстон, откри дека главниот правец од сега ќе се вика Хамилтон. Ова е единствен дел од патеката кој ќе носи име на возач за да се испочитуваат достигнувањата на Хамилтон. 

Тој има победено во Силверстон седум пати од кои шест на сегашната конфигурација. Хамилтон беше известен за честа која ќе му се укаже од страна на Претседателот на БРДЦ, Дејвид Култард пред трката во Абу Даби. 

Возбуден сум што ќе ги споделам овие вести со Луис денеска. Ова е прв пат во историјата на Силверстон некој дел од патеката да го носи имета на некоја индивидуа.

Луис е дел од историјата и ние како директори на клубот одлучивме дека нема подобар начин да искажеме почит од преименување на правецот во негово име – откри култхард.

Хамилтон беше на пол позиција на својата деби трка во Силверстон во 2007 година пред да победи една година подоцн. Тој победуваше четири пати по ред од 2014 до 2017 година и победи на последните две трки. Оваа сезона на Силверстон имаше две трки за прв пат во една година. 

Првата Формула 1 трка се возела на Силверстон во 1950 година и оваа година беше јубилејна 70-годишнина од тој настан. Хамилтон победи на првата трка откако му пукна една гума и ја помина финиш линијата на три тркала, а на јубилејната заврши на второ место зад Макс Верстапен. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ