Големите жртвувања се нормални за Расел

Возачот на Вилијамс, младиот британец Џорџ Расел, изјави дека големите жртвувања кои се потребни за Формула 1 дебитантите му се чинеле целосно нормални. Тој дојде во врвната моторспорт тркачка серија во пресрет на минатата сезона како Формул 2 првак, заедно со своите колеги од таа серија, Ландо Норис кој потпиша за Мекларен и Александер Албон кој возеше за Торо Росо и Ред Бул.

Најдобар дебитант за 2019 година беше Албон кој се позиционираше на 8мо место со моќниот Ред Бул, Норис беше 11ти и за малку не влезе во топ 10 во првата сезона, додека Расел беше последен и единсрвен без поен во неконкурентниот Вилијамс.

Тројцата возачи пораснале тркајќи се заедно во картинг и јуниорските тркачки серии и имале слични патишта во животот.

сите го напуштивме училиштето многу рабо што е огромна жртва за нас, никој не излегуваше да се забавува во дискотеки и да пие во тинејџерскиот период. сметавме дека ова што го правевме е тоа што е потребно и не сметавме дека правиме ништо посебно. сметавме дека тоа е тоа што е потребно за да се стане формуа 1 возач.

мислам дека е одлилно што луѓето го познаваат и го ценат тоа што сме го жртвувале за да стигнеме до овдека и да имаме перформанси какви што имаме – појасни расел.

Џорџ додаде дека има знаел оти е на слично ниво со двајцата свои сегашни колеги кога се тркале еден крај друг во повеќе јуниорски тркачки серии на патот до Формула 1 и на тој начин повеќе се притискале и мотивирале.

знаев дека сите се добри возачи, но се тркам против нив цел живот и сметав дека тоа е сосема нормално и вообичаено. знаев дека сме на слилно ниво кога влеговме во формула 1 затоа што цел живот се тркаме заедно и знаеме кој до каде е.

со оглед на тоа бевме свесни дека имаме квалитет да одработиме добро во формула 1 против момци кои се таму 5-10 години. ние се притискаме еден со друг од 12-13-годишна возраст во животот.

видов како макс верстапен и шарл леклер влегоа во формула 1 и веројатно го следев нивниот пат. ландо беше малку помлад од мене, а алекс пред мене, норис веројатно се огледуваше на нас, јас го следев алекс во сениорскиот картиг.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ