Грешката го чинела Расел подиум

Џорџ Расел верува дека грешката што ја направил под жолто знаме го чинела подиум во Монако.

Тој промен од хард на интермедија гуми за разлика од колегата Хамилтон и Естебан Окон. Кога излезе беше зад двете Ферари кои уште немаа променето гуми.

Беше доста досадна трка се до дождот. Мислам дека дојде од никаде. Криво ми е бидејќи можев да бидам на подиум но само ги допрев сопирачките и излизгав надвор до патеката за време на жолтото знаме.

Хамилтон и Окон променија од хард на медиум и подоцна променија на интермедиа што му даде предност на Расел.

Тоа е добра лекција за мене кога не сум фокусиран може да направам грешки. Можеби да немаше жолто знаме немаше да се случи тоа. Го чинев тимот подиум. Разочаран сум бидејќи една грешка ми уништи 98% од трката.

Расел се судри со Перез кога се врати на патеката во петтиот свиок и потврди дека болидот му бил оштетен и мислел дека нема да ја заврши трката.

Мислам дека на никој не му е јасно дека загубив подиум. Сите ми честитаат за петта позиција а загубив подиум.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ