Грешката од Имола му помогна на Перез во Бахреин

Серхио Перез изјави дека грешката што ја направиле Рејсинг Поинт на Големата награда на Емилија Ромања во Имола во моментите кога се појави безбедносното возило, му помогнала да остане надвор во Бахреин иако се појави возилото по инцидентот на Џек Аиткен од Вилијамс.

Тој дојде до својата прва победа во Формула 1 откако остана надвор кога се појави безбедносното возило што му предизвика кошмар на Мерцедес.  Ова беше различно од тоа што го направи Рејсинг Поинт на Имола, кога влегоа по “бесплатна“ промена на гуми и тоа ги чинеше подиум.

Мислам дека тоа што се случи на Имола беше погрешно и сега беше јасно што треба да направиме за да бидеме подготвени за рестартот – откри чеко.

Перез дојде до лесна победа откако на Џорџ Расел му пукна гумата кога го бркаше за првата позиција. 

Мислам дека Џорџ беше близу, но ќе го задржев зад себе бидејќи имав добро темпо. Тој беше околу две три десетинки зад мене, но јас се држев. Најблизу дојде до 2.8 секунди.

Информациите што ги имав од тимот се дека му требаат осум десетинки за да ме престаса. Ќе беше близу бидејќи моите гуми беа стари, но ќе го задржев – сигурен во себе е мексиканецот.

По победата, се повеќе повици има до Ред Бул да го земе Серхио Перез во тимот за наредната година на местото на Александер Албон. Но, тој не е оптимист и изјави дека има опции за 2022 година. 

да бидам искрен, Не мислам ништо. Сликата ми е јасна и Доколку не сум на гридот наредната година ќе се вратам во 2022 година. веќе Се помирив со тоа.

Доколку треба да напуштам, ќе напуштам, Но одлучен сум да се вратам. Имам само 30 години и најдоброто е пред мене. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ