Гросжан: Хамилтон заслужува да биде во топ 5 на сите времиња

Луис Хамилтон заслужува да биде рангиран како еден од топ 5 возачи на сите времиња во Формула 1, смета Роман Гросжан.

Гросжан се тркаше напоредно со Хамилтон во текот на својата кариера, придружувајќи му се на британецот на подиумот во три наврати од 10 пати кога застанал на истиот. Хамилтон стигна до својата шеста титула во 2019 година, со 84 победи во спортот, а сега е уште поблиску до рекордот на Михаел Шумахер со 7 титули и 91 победа.

Откако повеќето коментари по сезоната се насочени околу Хамилтон и неговиот пласман помеѓу великаните во спортот, Гросжан смета дека Луис заслужува место помеѓу најголемите имиња во Ф1.

Мислам дека Луис заврши неверојатна работа, како и Мерцедес. Не може да бидете светски шампион ако немате добар болид. Тие се добра комбинација. Тој дефинитивно е еден од топ 5 најдобри возачи. Тешко е да се споредува, има многу присутни во таа категорија.

Го имате Фанџо, Шумахер, Сена, Луис, Кларк … има многу и тоа е проблем. Многу е тешко да се каже кој ќе биде во топ 5. Но тој врши неверојатна работа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ