Гросжан: Шумахер е жртва на слабиот Хаас

Поранешниот возач на Хаас, французинот Роман Гросжан, смета дека Мик Шумахер страда од се послабиот тим. 

Шумахер сеуште нема освоено поен и покрај подобрениот болид за оваа година и е единствен со такво “достигнување“ на гридот заедно со Николас Латифи. Германецот е под голем притисок годинава откако доби нов колега кој е доста искусен и освои поени за тимот. Мик имаше неколку инциденти и скрши неколку болиди, но во Канада личеше дека ќе има добра трка, но болидот му откажа.

Тој мора да се врати на патеката посилен. Имаше доста тешки трки и Мислам дека ни болидот не му помага бидејќи не напредува. Тој треба да го направи тоа што го правеше Кевин кога завршуваше на петта позиција и донесе поени со болид кој нема надградби. Тоа е типично Хаас. Тој би можел да освои поени дколку не прави грешки – смета роман.

Договорот на Шумахер истекува оваа сезона и се поставува прашање дали Ферари ќе го подржат да остане во тимот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ