Гумата на Саинз пукнала без предупредување

Шефот на Мекларен, Андреас Сеидл, изјави дека тимот немал никакво предупредување за откажувањето на предната лева гума на болидот на Карлос Саинз. 

Шпанецот возеше на петта позиција пред да отиде понапред на четврта откако откажа гумата на Валтери Ботас, нешто што му се случи и на него во претпоследниот круг. Тој ја заврши трката во боксот на 13та позиција и остана без поени. Петтата позиција му припадна на Ландо Норис што е утеха за тимот. 

Сеидл изјави дека немале загриженост за гумите се додека не се случило тоа. 

Карлос пријави вибрации во текот на трката, но со хард гумите немаше ништо чудно. Наеднаш се случи се и ова е разочарувачки за целиот тим и посебно Карлос.

во исто време, ова е дел од тркањето и се може да се случи. Важно е да гледаме на позитивните работи од денеска.

Немаше никакво предупредување, Ги менаџиравме гумите на долг стинт и немаше никаква загриженост ниту од наша страна ниту од Пирели. на крајот повеќе болиди имаа проблеми, но Сеуште е рано да се носи некаков заклучок. 

Сеидл изјави дека тимот ќе се адаптира на изборот на Пирели за јубилејната трка наредната недела. 

Важно е да се направи темелна анализа од Пирели заедно со тимовите за да се најде проблемот. Во теорија, тоа треба да е поради остатоци на патеката, Но сигурен сум дека треба да почекаме Пирели да донесе заклучок пред наредната недела.

Доколку е друго причината треба да се разгледа изборот на гумите или да се воведат рестрикции. Да ја почекаме анализата и ќе видиме како понатака. 

Сеидл е задоволен од Карлос кој стартуваше од седма позиција и одлично се носеше со сите околу себе.

Жал ми е за Карлос бидејќи имаше одлична трка. Имаше добар викенд и добри маневри на трката. Се беше по план и можевме да ја задржиме позицијата по откажувањето на Ботас.

сепак, тоа е дел од тркањето и ќе видиме. Мислам дека стратегијата беше одлична и направивиме вистински избор со промената на гуми. Имаше многу охрабрувачки моменти и одиме напред да бидеме подобри.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ