Гумите ја уништиле трката на Расел

Џорџ Расел имаше трка за заборав на Силверстон, а главен проблем, како и најголем дел од неговите ривали, биле премеките гуми кои Пирели ги донесоа за Јубилејното Гранд При.

Возачот на Вилијамс имаше одличен ритам минатата недела, но оваа заври на 18то место со својот колега зад себе, и се разбира откажаниот Хаас на Кевин Магнусен.

Првично планираната стратегија од страна на тимот не беше спроведена поради големата дрградација на гумите предизвикана од високите температури, а лошиот старт на трката само ги зголемил проблемите.

оваа недела беше многу полоша од минатата. имав лош старт и загубив неколку позиции, а гумите беа едноставно очајни, мислам дека така беше засите.

три пати променивме гуми, а на почетокот се надевавме на само една промена што се покажа како неизводливо. на крајот само гледавме како да ја завршиме трката затоа што задната десна гума ќе екслодирашње и беше тешко.

по мојата втора промена на гуми имав 4-5 кругови, а потоа задната лева гума почна да појавува големи меури. следните 2-3 кругови меурите се повеќе се зголемуваа, а вибрациите стануваа многу лоши по што морав да земам нов сет – незадоволен е младиот британец.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ