Де Врис задоволен од својата петочна сесија

Актуелниот Формула Е првак, Ник де Врис, доби можност да вози Мерцедес В13 на прваа петочна тренинг сесија за Француското Гранд При и да го менува Луис Хамилтон.

Холанѓанецот доби ваква шанса како дел од промената на правилата кои наложуваат минимум две петочни сесии да бидат одработени со млади дебитанти. Холанѓанецо е тест и резервен возч во Мерцедес, а се трка и за Формула Е тимот на компанијата, а ова беше негова втора тренинг сесија во Петок годинав откако во Шпанија работеше за Вилијамс.

Ник постави 9то време за еден час возење колку што траат петочните тренинг сесии за кои комплетираше 22 кругвови и беше секунда побавен од Џорџ Расел.

навистина имав кул и интересен ден, беше многу брзо и навистина ми се допадна искуството и можноста која мерцедес ми ја даде. презадоволен сум.

конкурентен сум, но секогаш сметам ека можам уште подобро. вториот круг одмојата серија на софт мислам дека можеб уште побрзо, но морам да бидам задоволен и од ова што го одработев.

генерално имав добра сесија, имав брз ритам и добри времиња. удобно ми е во болидот, екипата ми дава голема поддшка со сите информации кои ми се потребни – задоволен е де врис.

“Сребрените стрели“ донесоа мали новини на болидот за овој викенд во надеж дека ќе бидат уште поконкурентни на Пол Рикар, но Расел и Хамилтон изјавија дека очекувале повеќе. Де Врис посочи дека сеуше е рано да се суди затоа што треба темелна анализа во текот на ноќта за сие новини кои се носат.

Во својот час возење на Ле Кастеле, де Врис имаше огромна поддршка од Луис Хамилтон кој од гаражата беше во постојан контакт со него.

луис ми беше од огромна помош и беше на радио поврзан цело време додека треше сесијата. ми даваше голема поддршка и тоа беше многу убаво него.

Најавено е дека де Врис ќе учествува на уште сесии до крајот на сезоната, но сеуште се разгледуваат деталите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ