Де ла Роса: Кими не може да го прилагоди својот стил

Шпанецот Педро де ла Роса смета дека Кими Раиконен не знае како да го адаптира својот возачки стил доколку болидот не му одговара нему.

Де ла Роса работеше крај Кими во текот на периодот кој Раиконен го мина во Мекларен.

кими е многу брз, тој е поранешен светски шампион, но му требаат одреден тип на болиди со стабилен преден дел за да одговара ненгвоиот стил на возење. во спротивно не може да го адаптира својот стил на пакетот.

тоа е неговата разлика со хамилтон и со алонсо. дајте му на фернандо било каков болид и тој ќе биде брз. возачите како него знаат да се адаптираат.

кими не знае да се адаптира. во 2005 и 2006 година работевме заедно со мишелин и монтоја во мекларен, јас имав проблеми, а кими беше многу брз. по додредени услови тој е силен како алонсо и хамилонт, но тие се посилни затоа што знаат да се прилагодат на однесувањето на болидот – изјави де ла роса за Iltalehti.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ