Де ла Роса: Ритамот на Астон беше навистина силен

Амбасадорот на Астон Мартин, Педро де ла Роса, смета дека позицијата на тимот во поредокот е тешко да се предвиди, но е охрабрен од ритамот на АМР23 за време на долгите серии од предсезонскиот тест.

Перформансите на зелениот болид беа изненадување на овогодинешниот тес, болидот е доста различен од претходникот во однос на дизајнот, а одличниот Фернандо Алонсо само допринесува. Многу коментатори и аналитичари предвидуваат дека тимот од Силверстон ќе биде на чело на средината од поредокот годинава, а некои сметаат дека ќе дојде и пред Мерцедес.

огромна одговорност и претерано амбициозно е да се каже дека сме 3та најбрза екипа. тешко е да се каже се додека не се одработат првите квалификации, тешко се суди по постигнатите времиња. ак осе анализираат симулациите на трка кои беа возени, подобро може да се проценат перформансите на секоја екипа, а во тој сегмент бевме навистина силни.

на последните долги серии кои фернандо ги возеше последниот ден и беа под рефлектори, времињата треба да се реевантни затоа што токму тогаш ќе се случува трката и под истите услови. деградацијата беше минимална, не беше најбрз, но беше еден од оние кои најдобро менаџираше со деградацијата.

мораме да целиме високо, мораме затоа што во спротивно ќе не победуаат. амбициозни сме и чувствуваме дека сработеното во фабриката е одлично. зошто да не бидеме 3та или 4та екипа, ќе видиме – посочи де ла роса.

Шпанецот вели дека иако научиле многу за новиот болид на тестот, не знаат ништо за ривалските екипи.

мораме да бидеме тактични, но убедени сме и веруваме во нашите перформанси затоа што тестот беше добар и интресен. како екипа научивме многу за новите правила и промените во висината на подот.

ќе видиме како ќе биде затоа што зимскиот тест никогаш не ја кажува вистината. возите три денови, комплетирате зацртана програма и тоа е тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ