Де ла Роса: Нормално е Саинз да биде на подиум пред Алонсо

Шпанецот Педро де ла Роса го одмери шансите на своите двјца земјаци оваа тркачка сезона и смета дека е нормално Карлос Саинз да дојде до подиум финиш пред двоктаниот првак, Фернандо Алонсо.

Двајцата шпанци се во нова околина сезонава, Алонсо беше надвор од спортот две години и сезонава се враќа во фабричкиот Рено кој е ребднриан во Алпин, додека Саинз мина две сезони во Мекларен, а за оваа направи трансфер од соништата во престижниот Ферари.

Де ла Роса во моментов работи како стручен коментатор на предносите кои ги работи мрежата ДАНЗ во Шпанија го вели следното:

што и да кажам, еден од нив двајца ќе ми се налути. фернандо веќе ми се налути велејќи дека јас секогаш зезнувам, но овој пат ќе се обидам да бидам колку што можам поискрен и ќе кажам дека сметам оти карлос ќе дојде прв до подиум.

не сакам да ставам непотребен притисок на саинз, но голема работа е да се биде во ферари и мислам дека карлос ќе дојде до повеќе од еден подиум сезонава и тоа ќе го стори пред фернандо што е и нормално – смета де ла роса.

Педро, кој самиот има Формула 1 подиум и тоа од 2006 година кога имаше топ 3 пласман со Мекларен на Унгарското Гранд При, смета дека доколку Саинз е зад Алосо во возачкиот поредок на крајот од сезоната, ќе биде лошо по Ферари.

карлос е во ферари, екипа која секоја година мора да се бори за титула. од друга страна фернандо е во екипа која од време на време се бори за титули.

мислам дека доколку карлос не е пред фернандо во возачкиот поредок на крајот од сезоната, ќе биде многу лош знак за ферари дека повторно погрешиле.

верувам дека формула 1 е циклиен спорт, имавме циклус на ред бул, сега циклус на мерцедес, а ќе дојде време кога ферари ќе има свој циклус. поради тоа верувам дека карлос е во вистинско време на вистинско место.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ