Де Ла Роса: 175 милиони е преголем буџет

Поранешниот Формула 1 возач, бразилецот Педро Де Ла Роса, не е задоволен од новите Формула 1 правила и покрај тоа што сеуште не се формално подготвени, а посебно со предложената големина на буџетите од 175 милиони долари.

Се појавија и гласини дека новите болиди за 2021 година ќе имаат огромна потисна сила, а не истата да биде ограничена само на традиционалните крила.

Не се грижам за аеродинамичките правила. Најважно е намалување на буџетите бидејќи е потребна еднаквост и престаасување.

170 милиони сеуште е голема бројка. МИслам дека се потребни повеќе стандардни технички елементи за да има еднаквост. Во овој моменти има тимови со 10 пати поголеми буџети – смета де ла роса.

Формула 1 треба да направи големи промени кај правилата, како стандардизација на некои делови.

Да тоа е добра идеа, Но мора да се стандардизираат крилата, дифузерите и подот. крилата ги чинат тимовите по 30-40 милиони евра по сезона.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ