Ди Реста: Мерцедес не може да се потпре на Окон

Согласно актуелните перформанси, јасно е дека Естебан Окон нема да напредне до фабричкиот тим на Мерцедес скоро, а патем може да го загуби и своето место во Рено.

Французинот се врати во Формула 1 по едногодишна пауза која ја одработи како резерва во Мерцедес, но годинава доби одлична шанса д се покаже во фабричкиот тим на францускиот производител крај Даниел Рикардо.

Австралијанецот до сега собра 78 поени, а Окон само 36, патем само еднаш го победи Дани на квалификации и тоа на дождливиот и непредвидлив Ред Бул Ринг.

Пол ди Реста, коментаторот на Sky, смета дека Окон, кој патем сеуште е возач на Мерцедес, си наштетува од два аспекти.

даниел пвоторно е на врвот од своите способности и мислам дека некако се освежи по принудната пауза поради пандемијата и самиот тоа многу често го кажува. но, естебан има одлична можност да се докаже крај даниел и повторно да стане миленк на мерцедес, затоа што тото волф го менаџира, а реално веќе се почнати со барање замена за хамилтон. но, естебан не ја користи својата шанса и докажува дек мерцедес не може да се потпре на него – вели ди реста.

Се поизвесно е дека и местото во Рено не е сигурно за французинот затоа што неговиот сонародник, Пјер Гасли, победникот на овогодишното Италијанско Гранд При со АлфаТаури, наводно се интересирал за место во таа екипа.

сирил абитебул изјави дека естебан треба да се стабилизира, концентрира и да напредне. сеуште го поддржуваат, но со пјер гасли и сето тоа што се случува во ред бул, сигурно дека тој е одлична алтернатива. сум го видел алан прост како разговара со гасли во падокот, така што окон сигурно е нервозен затоа што ако овој пат не успее, тешко дека по втор пат ќе се врати.

Ди Реста не е единствен поранешен возач разочаран од перформансите на Окон затоа што и Мартин Брандл не е убеден во квалитетит на французинот.

мислам дека окон ќе се врати подобар од порано, не е лош, но очекував многу повеќе од него – вели брандл.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ