Ди Реста: Рикардо е во чудна позиција

Пол ди Реста смета дека Даниел Рикардо е во многу чудна позиција откако по втор пат дојде на подиум со Рено, а наредната година оди во Мекларен. 

Иако лани Рено стагнираше, а Мекларен стануваа се посилни, тој реши да замине во Вокинг од наредната година. Но, оваа година работите се променија и Рено има извонреден напредок. Со два подиума на три трки, ди Реста смета дека Рикардо е во чудна ситуација. 

ТОј е одличен и многу релаксиран, почнува трка и испорачува. Мислам дека е во чудно место бидејќи кога си во Парк Ферме и си на подиум има нешто посебно од гледна точка на Даниел. Но, кога си заминуваш од таму и одиш во Мекларен сакаш да продолжиш каде што си застанал. Рено се високо и Амбициозно е да помислиме дека ќе завршат на трето место годинава, но може да се обидат – смета ди реста.

Џони Херберт, исто така поранешен Формула 1 пилот, смета дека е штета што Рикардо нема да остане во Рено наредната година, но мисли дека тој е на патот до големите тимови. Да се надеваме дека и Мекларен ќе биде еден од нив. 

Штета е од многу аспекти. Се шегуваме и се смееме со него и тој во е можност да извлече максимум од тимот и болидот. Штета што нема да го гледаме тоа наредната година.

Се надевам дека Мекларен ќе му обезбедат болид и Рено ќе биде силен во иднина. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ