Доктор Марко: Не продолживме да разговараме со Порше

Советникот за моторспорт на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, демантираше дека преговорите со Порше за нивно вклучување во Формула 1 ќе продолжат.

Мохамед Бен Сулајем, шефот на ФИА, неодамна најави дека и покрај прекинот на првичните преговори помеѓу Порше и Ред Бул, а во врска со влез на германците во тркачката серија од 2026 година, преговори има со други екипи.

Сопственикот на Ред бул Дитрих Матешич неодамна почина, компанијата ја остави во наследство на синот кој пак го назначи Оливер Минзлафф за Главен извршен директор, така што почнаа шпекулации за евентуално продолжување на преговорите.

нема ништо, преговори нема. но, одам во јапонија на преговори со хонда – изјави хелмут за австирски Laola1.

79-годишникот призна дека наскоро ќе дојде во Австрија специјално за да се сретне со новиот врвен менаџмент на компанијата со кои досега немал контакт. Се верува дека причина за тој состанок ќе биде преговарање околу неговиот договор кој наскоро завршува.

мојата задача ја вршев од страст кон дитрих матешич, визионер кој разбираше апсолутно се и секогаш ја имаше големата слика пред себе. ако јас видам дека атмосферата повеќе не ми одговара, тоа нема да биде проблем, јас можам да заминам било кога. но, оганот во мене сеуште гори.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ