Доменикали на преговори во Колумбија

Шансите ја јужноамериканската држава Колумбија да добие своја Гранд При трка се се поголеми.

Во Септември на големо се пишуваше дека градот Баранкила прави обид да донесе Формула 1 трка во земјата, а тоа го потврди и градоначалникот Хаиме Пумарехо:

претставници од формула 1 веќе го посетија нашиот град и многу им се допадна – изјави тогаш Пумарехо.

Локалниот El Heraldo денеска пренесува дека приватниот авион на Формула 1 во кој бил Стефано Доменикали слетал на аеродромот во Баранкила во 4:30 часот попладне во Понеделник, а со него бил и Луис Гарсија Абад, менаџер на Фернандо Алонсо кој велат дека работи со промотерите на евентуалната трка во земјата.

сеуште не е реалност, но ние сме во трка за организација на настан и се надеваме дека ќе стигнеме до целта. не сакаме да креираме лажна надеж – посочи Пумарехо.

Се верува дека Гранд При грка во Колумбија ќе се вози под името Голема награда на Карибите.

ако се потпише договор, тоа ќе значи трка од 2024 или 2025 година и договор од веројатн о10 години. има две полу-улични патеки кои се идентификувани и веќе одобрени, така што имаме план 1 и план б.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ