И Колумбија сака Формула 1 трка

Колумбија, родната земја на Хуан Пабло Монтоја, сака да организира Формула 1 трка во иднина.

Колумбиски El Tiempo пренесува дека Претседателот на земјата, Иван Дуке Маркез, е оптимист на предлогот на градоначалникот на Баранкила, Хаиме Пумарехо, за место во Формула 1 календарот.

како тим моежеме да си го оствариме сонот. пумарехо вели дека има опција да презентира проект кој ни овозможува врвна патека. можноста е далеку од реализирана, но градоначалникот ми кажа дека веќе имал контакт со организаторите во формула 1 и ја има нивната поддршка – изјави претседателот маркез.

Тој откри дека идејата е патеката да биде полу-улична и лоцирана многу блиску до морето. Градоначалникот на Баранкила ја потврди веста:

со пристигнувањето на формула 1, бројот на интернационални гости на атланскиот брег во колумбија ќе се зголеми двојно за тие три денови.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ