Доменикали нема совет за Биното

Под притисок да се подобри, Стефано Доменикали вели дека нема што да му препорача на Матиа Биното освен да остане фокусиран на приоритетите на Ферари.

Биното беше ставен на чело на тимот на Ферари во Формула 1 во Јануари 2019 година, на местото на Маурицио Аривабене. Сепак, под неговото раководење, формата на Ферари опадна со тоа што тимот не успеа да извојува ниту една победа минатата година, што следеше по контроверзната сезона во 2019 година, во која ривалите и ФИА ја доведоа во прашање легалноста на агрегатната единица на тимот.

Со пад на шесто место во 2020 година, Биното е под притисок да обезбеди Ферари да се врати во победничката форма. Ако не го сторат тоа, тој би можел да стане третиот шеф на тимот кој ќе замине откако Доменикали ја напушти Скудерија во 2014 година.

Новиот шеф на Формула 1, кој беше со Ферари 23 години, вели дека нема совети за Биното освен да не биде расеан од притисокот да го води најпознатиот тим на Формула 1. Зборувајќи за Corriere della Sera, тој изјави:

Гледам екипа која бара стабилност што може да гарантира конкурентност. Нема што да му препорачам на мојот пријател Матиа Биното.

Во Ферари станува збор за тоа да останете фокусирани на приоритетите без да ве расејува огромниот притисок што ве опкружува.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ