Доменикали: Нетфликс мора да носи вредност на Ф1 за да продолжиме

Главниот извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали, сметка дека Drive to Survive серијата на Нетфликс мора да продолжи да носи дополнителна вредност во спортот за да биде продолжен договорот со нив и за следните четири години.

Четвртата сезона од ултра-популарната серија која ќе ја прикаже епската борба за титула помешу Макс Верстапен и Луис Хамилтон од лани, треба да излезе на 11 Март, а Доменикали призна дека истата носи позитивен тренд во спортот, но претпазлив е во намерата дека тоа мора да продолжи.

нема сомнеж дека Drive to Survive на нетфликс има огромен ефект над популарностан а формула 1, главно за привлекување нова публика и пробивање на нови пазари како америка. тоа секако дека ќе продолжи и мораме да останеме и будно да ја следиме серијата за да видиме дали има можности секогаш да биде фантастична и да праќа вистинска порака. како што може да замислите со се што се случи лани, годинешната сезона ќе биде фантастична што е одлично.

мислам дека за нас е важно да останеме пријатели со нетфликс во моментов затоа што тие ни носат огромна популарност. ако стане само обична серија без да носи дополнителна вредност на формула 1 платформата, ќе биде подобро одновоа да разговараме со нив и со други партнери во врска со тоа што сакаме за во иднина.

секако дека платформата до сега е клучна во растот на нашата публика главно поради тоа што младата генрација ја засакува формула 1, а тоа ни треба, таква ни е визијата, целиме кон квалитет – посочи доменикали.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ