Доменикали: Патеките не може да се “вадат“ само на историјата

Шефот на Формула 1, Стефано Доменикали, ги предупреди класичните патеки на календарот дека не може да се потпрат само на историјата, статусот и славата доколку сакаат да го задржат местото во тркачката серија. 

Во последните години гледаме патеки како Хокенхајм, Нирбуринг, Пол Рикар и Истанбул Парк како отпаѓаат од тркачкиот календар. Тука се и Сузука, Имола и Зандоврт каде Формула 1 се врати, но се загрозени историски автодроми како Монако, Спа Франкошамп, Монца и Силверстон. Доменикали очекува патеките да продолжат да инвестираат во објектите доколку сакаат да останат на каледнарот. 

Сега има трки на сите континенти. Не е тајна дека сакаме да одиме и во Африка бидејќи тој континент ни недостасува.

Арогантно е да се каже дека ти е гарантирана иднината доколку си на календарот 100 години. Јасно е дека историските патеки се променија и се е различно. Мора да сме транспарентни со нив и да видиме во кои работи веруваме – реален е италијанецот.

Во моментов се развива пазарот на Блискиот Исток и Азија, а воедно и САД каде ќе има три трки оваа сезона. 

Секоја трка, не само во Америка, си има свој квалитет и свои фанови. Не треба да се канибализираат, Сите се различни и патеките се различни. Не гледам проблем тука. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ