Доменикали: Разговараме за трка во Африка

Стефано Доменикали изјави дека веќе има разговори за организирање на трка во Африка во блиска иднина.

Спортот не одржал трка во Африка од 1993 година откако последната Гранд При трка таму се возеше во Кијалами. На првата прес конференција, Претседателот и извршен директор на Формула 1, Доменикали изјави дека приоритет е да ја врати Формула 1 на тој континент. 

Тоа е многу важно и мислам дека треба да имаме некое ново или старо место кое е од историјата на Формула 1. 

За Хамилтон, Африка е местото каде би сакал да се трка. 

Лесно е, Африка. Тоа е важно место каде треба да е вратиме. Во моментов Формула 1 оди во држави и не остава ништо зад себе.

Формула 1 мора да биде спорт кој оди во држави во кои ќе остави свој белег и затоа мислам дека треба да е вратиме назад во Африка бидејќи тоа е многу убаво место. 

Доменикали потврди дека веќе разговараат со Кијалами, но ништо не е исклучено. 

Би рекол дека е важно шампионатот да е низ белиот свет. Веќе разговараме за трка во Африка, но сме во почетна фаза. 

Откако ја превзема Формула 1, италијанецот сака да ја зголеми популарноста низ целиот свет откако минатата сезона беше доминантна во Европа. Тој цели на повеќе трки во Америка и трка во Кина. 

Кина и Америка се важни пазари за нас. Во Кина сме само во Шангај, но сакаме и други места. Штета е што поради Ковид имавме сезона како ланската, но мора да сме флексибилни. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ