Доменикали: Сакаме потврда за спринт трки до Имола

Стефано Доменикали изјави дека би сакал финализирање и потврдување на предлогот за спринт трки во Сабота на три тркачки викенди годинава да се случи до Гранд при трката на Имола, која е на програмата следниот викенд. 

Кај фановите има поделеност по ова прашање за спринт трките, но сепак доколку се донесе одлука првата таква трка ќе се одржи на Силверстон. 

Ги финализираме деталите и целта е да завршиме до Имола. Тоа што се трудиме е да имаме поинтензивен викенд со еден час тренинг и квалификации во петок за спринт трка што ќе ја одлучи стартната позиција за во недела. Ова треба да го зголеми интересот и тоа беше побарано од организаторите и носителите на ТВ правата – откри доменикали.

Италијанецот потврди дека британски Силверстон би била прва трка со новиот формат. 

Да тоа можам да го потврдам. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ