Доменикали: Ф1 не се враќа во Германија догодина

Германија нема да се врати на Формула 1 календарот во скоро време, предупреди извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали.

Имам чувство дека организаторите веќе немаат верба во себе да бидат домаќини на трка – рече италијанецот, без сомнение укажувајќи на своите забелешки кон поранешните места каде формула 1 госувала, Хокенхајм и Нирбургринг.

Доменикали ја споредува неподготвеноста на германските организатори со одговорните за новиот и сега многу популарен Зандворт.

Само погледнете што се случи во Холандија. Зандворт е распродаден во следните три години – откри стефано.

Се верува дека во услови на тековна неизвесност за остатокот од распоредот оваа година, Формула 1 календарот во 2022 година ќе биде објавен за неколку дена или недели. Според Доменикали следаѕ рекордни 23 трки следната година.

Можам да замислам една третина од трките во Европа и другите во остатокот од светот, почнувајќи од Бахреин.

Имаме барања од Африка и преговараме на југ и север, плус едно или две места на Далечниот Исток, на пример, Кореја.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ