Доминикали: Кубица и Алонсо ќе беа возбудлив тандем

Ќе било забавно Роберт Кубица и Фернандо Алонсо да возат заедно во екипата на Ферари, тоа е мислењето на Стефано Доминикали, откако се знае дека потенцијалниот договор на Роберт Кубица со Ферари во 2012 година е веќе јавна тајна.

Пред неговата несреќа, Роберт беше тркачки возач на многу високо ниво. Дали ќе станеше тимски колега на Фернандо? Тоа ќе беше забавно – откри доменикали.

Наместо тоа, по пауза од 8 години, Кубица успеа да се врати во Формула 1 минатата сезона по неговата ужасна несреќа во рели првенството со трајни повреди на неговата десна рака.

Во Ферари, Алонсо беше заменет со Себастијан Фетел, чија пак иднина во Ферари по 2020 година е предмет на многу шпекулации.

Себ ќе биде подготвен. Емотивно и во однос на енергија, тешко е да се контролира сето тоа во неговата ситуација додека има многу несигурност, Но по големите критики и тешката сезона, тој ќе покаже кој е. Себастијан е одличен шампион.

Биното вели дека веќе го дискутираат продолжувањето, така што тој ќе биде подготвен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ