Дорнбос го бара Перез во Ред Бул

Од Рејсинг Поинт изјавија дека Серхио Перез треба да остане на гридот во Формула 1 и наредната година, но не признаваат дека погрешиле, туку дека Ред Бул треба да го земат кај нив.

30-годишниот Перез, кој ги надмина проблемите на Мерцедес и контактот во првиот круг со Леклер поради што беше на последната позиција по првата обиколка, призна дека ќе паузира наредната година доколку не добие место во Ред Бул. 

Откако победи на Шакирското Гранд При, тој повеќе не ја разгледува опцијата за пензија. 

Никогаш не знам што ќе се случи, Но денес по одличните неколку трки одлучен сум да останам тука. Имам некои опции за 2022 година, но би сакал да продолжам и наредната. 

Роберт Дорнбос , холанѓанецот кој е поранешен возач на Ред Бул, го советува Хелмут Марко да го потпише Перез. 

Ајде Хелмут, потпиши го! Види како го престигна Албон и од последно место дојде до победа. 

Лоренс Строл е задоволен од победата на Перез со Рејсинг Поинт и се надева дека мексиканецот ќе остане на гридот. 

Тој докажува дека заслужува место во Формула 1. Се надевам ќе го видиме во Ред Бул наредната година. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ