ДРС системот на Ред Бул е неверојатно ефикасен

Една од најголемите предности на РБ19 болидот на Ред Бул оваа година е нивниот систем за намалување на отпорот односно ДРС.

Луис Хамилтон од Мерцедес се пожали дека Макс Верстапен го минал на Џеда како да не постои, како да стоел во место.

Болидот од Милтон Кинс е импресивен на правците, но аналитичарите сметаат дека ефикасноста на нивниот ДРС систем за претекнување е далеку поголема одошто било што кај конкуренијата.

луис е во прави. вели дека никогаш не видел некој болид толку многу да се забрза со користење дрс и не разбира како е тоа можно – потврди тед кравиц за британски ѕку.

Ферари годинава се мачат повеќе на правците, а требаше да биде сосема обратно.

во нечист воздух, ситуацијата е полоша од лани. веројатно поради зголемување на потисната сила со новото правило за подот, но сега болидот се однесува многу слично со претходната генерација болиди и тешко е да се следи – вели саинз.

во нечист воздух, зад друг болид, имаме огромен проблем да се следиме – потврди норис.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ