Евентуален договор со Ред Бул нема да ја промени стратегијата на Алпин, најави Абитебул

Шефот на Рено, Сирил Абитебул, откри дека идните планови на францускиот производител и нивната стратегија поврзана со промоција на брендот Алпин нема на никој начин да бидат под влијание на евентуална соработка со Ред Бул и АлфаТаури и доставување мотори за нив.

Се чини дека Рено е најочигледен избор за да дава мотори во двете екипи на компанијата за производство на енергетски пијалоци откако јапонците од Хонда решија да стават крај на својата Формула 1 авантура по крајот на следната сезона. Годинава французите имаат само еден муштерија и тоа Мекларен кои од следната година ќе минат на Мерцедес, а Рено ќе прави мотори само за сопствениот тим во 2021 година.

Правилата на ФИА се јасни дека доколку Ред Бул и АлфаТаури не се договорат со некој производител, Рено ќе мора да им дава мотори како компанија со најмалку тимови на гридот. Но, Абитебул не смета дека давање на мотори кај конкурентите ќе го намали фокусот врз проектот Алпин.

никоја надворешна страна нема да влијае врз нашата стратегија која е јасна дека ние сме во спортот поради фабричката екипа затоа што иавме многу мала корист од тоа што бевме само снабдувач со мотори во минатото. деловниот модел на само снабдување со мотори не ни одговара, а можеби и веста за повлекувањето на хонда го докажува тоа.

во 2014 година бевме во таква ситуација пред да решиме да се вратиме во спортот со целосно фабричак екипа, можеби хонда биле пред истиот предизвик, но донеле различна одлука. програмата која ја имаме е целосно базиарана на нашата екипа и брендот алпин и тоа нема да се промени.

ако имаме превземено соодветни обврски секако дека ќе ги исполниме, но се што правиме треба да има стратешка цел за дојдеме во позиција да победуваме на трки со алпин и тој бренд да се средиште на се.

секако дека за ред бул е можност и да најдат некој кој ќе ја купи интелектуалната сопственост на хонда и сигурен сум дека размислуваат за тоа. никој кој сака да создде мотор од почеток нема да биде подготвен за 2022 година, тоа е повеќе од јасно – потенцираше абитебул.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ