Еди Џордан: Нема шанси Рикардо да го замени Перез

Поранешниот тимски сопственик и шеф, Еди Џордан, не верува дека постои Шанса мексиканецот Серхио Перез да биде заменет од Даниел Рикардо, третиот возач на тимот.

Чеко влегува во својата трета сезона со тимот од Милтон Кинс и редовно е далеку од перформансите на колегата Макс Верстапен, така што се појавија прашањата за сигурноста не неговото место во екипата. Од друга страна, по тешките две години во Мекалрен, Рикардо направи трансфер во Ред Бул како трет возач.

нема шанса серхио перез да биде заменет од даниел рикардо. чеко е богатство за тимот, знаат многу добро што прави тој затоа што е брилијантна поддшка за макс, силен е и може да победи кога тоа се бара од него и кога има можност за тоа. имаше мало недоразбирање помешу нив и можноста да заврши на второ место во поредокот направи проблем – објасни џордан.

Двократниот првак, Мика Хакинен, неодамна посочи дека Перез треба да биде реален за своите можности и дуелот со Верстапен, а ирецот Џордан верува дека Чеко е идеален возач за тимот, посочувајќи ги колегите на Михаел Шумахер од минатото.

ред бул имаат совршено сценарио како што беше со михаел шумахер и еди ирвајн. ирвајн беше среќен и задоволен, ги разбираше правилата и беше платен врз основа на тоа што се догвараа.

сигурен сум дека и чеко е исти, носи добро спонзорство во тимот, а се сомневам дека даниел може да го донесе тоа ниво што перез го носи.

најважно во ред бул е континуитетот и тоа нема да го менуваат затоа што рикардо нема да добие посебен третман и многу добро знае како работи тимот, беше со нив пред 4-5 години. хорнер и њуи се клучни во тимот, даниел одлично ги познава.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ