Еди Џордан смета дека Хамилтон е подобар од Шумахер

Поранешниот сопственик на екипа во Формула 1, Еди Џордан, смета дека Луис Хамилтон е подобар од германецот Михаел Шумахер.

Двајцата во моментов се изедначени со по седум освоени шампионски титули, но британецот има повеќе победи, а неодамна стигна до својата 100та пол позиција во Формула 1. Но, Џордан потенцира друг аспект каде смета дека Луис има предност.

двајцаа се уникатни и навистина ми прави проблем во главата да морам да одберма некој подобар, но сепак, го бирам хамилтон.

Ирецот потенцираше дека тоа што британецот е почист возач и на таков начин стигнал до рекордите го натерало да каже дека е подобар.

луис никогаќ не освојувал титули со судар како михаел во аделаид во 1994 година. времето на луис во мерцедес никогаш не било под сомнеж за некакво мамење. сеуште се сеќавам колку се мачеше шумхер кога бенетон беа обвинети дека имаат нелегална контрола на тракцијата во 1994 година. во неговото време вов ферари повторно некои го обвинуваа.

ОВИЕ шпекулации не треба да ги омаловжат неговите перформанси и успеси. двајцата возачи се огромни во својата професија – се присетува џордан.

Сепак, за Еди постои возач кој е над двајцата и е најголем во историјата, а тоа е бразилската легенда Аиртон Сена.

аиртон сена е надвор од конкуренција по мене. тој беше магионичар на секој начин и умре прерано за да може објективно да се процени. доколку го немаше тој судар на имола, ќе ја завршеше кариерата со многу повеќе од трите титули, но тоа никој не може да го докаже.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ