Еклстон: Во Ф1 нема простор за расизам и политика

Формла 1 не треба да биде вмешана во расизам или политика е мислењето на поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстон. 

Откако се појави движењето Black Lives Matter и масовните протести поради смртта на Џорџ Флојд во Америка, овој проблем се појави и во падокот.  Многумина беа повикани да клекнат како знак на поддршка додека многумина не се согласија да го направат тоа. 

Чудно е што сопругата на наследникот на Еклстон, Чејс Кери, го избриша твитер профилот откако отворено му даде подршка на Доналд Трамп.  Околу бришењето на профилот свое мислење даде Еклстон: 

Можеби тоа било направено по барање на Чејс. Мислам дека Трамп прави одлична работа. 

Се верува дека Кери го побарал ова за да избегне политичка пресметка со Хамилтон посебно откако тој е дел од основачката структура на десничарските Фокс Њуз. 

Мислев дека е Руперт Мердорк, Но во секој случај не ги следам нив и не коментирам на нивната политика, но ја следам борбата на Формула 1 да не се меша во расизам и политика. 

На тема расизам, Кери и Хамилтон се на иста линија. 

Промотерите треба да организираат трка, тимовите да се тркаат, возачите да победуваат и никој не треба да зборува за расизам или боја. Не знам каде Чејс е на иста линија со Луис, но времето ќе покаже. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ