Еклстон: Среќниот Хамилтон не треба да има исто трофеи со Шумахер

Берни Еклстон продолжува со своите контроверзни изјави, а последно е неговото потсетување на Михаел Шумахер кого го смета за најдобриот.

Тој смета дека Црвениот барон треба да биде на врвот на листата на најтрофејни возачи, пред Луис Хамилтон за кого смета дека имал претерано многу среќа при освојувањето на својата прва титула. Исто така, господин Е смета дека Фелипе Маса кој беше најсериозен кандидат за наслов таа 2008 година бил измамен.

макс мозли и јас бевме информирани во текот на таа 2008 година во врска со тоа што с еслучило на трката во сингапур. пике од рено му кажал на татко му, трикратниот шампион нелсон, дека барале од него намерно да удри во ѕидот во одреден дел од патеката за да излезе безбдносното возило и да му се помогне на алонсо да победи. тогаш одличивме да не превземаме ништо затоа што сакавме да го заштитиме спортот и да госпасиме од огромен скандал – објасни берни.

92-годишникот дополни оти смета дека Михаел Шумахер е единствен кој е достоен за седум титули.

имавме доволно информации тогаш да направиме темелна истрага. според статутот, моравме да ја откажеме и избришеме трката во сингапур под тогашните услови, како да никогаш не се извозела и на тој начин фелипе маса ќе беше првак, не луис хамилтон.

од денешен аспект многу ми е жал за маса кој победи на последната трка, своето домашно гранд при во сао паоло, направи се како што треба, но беше измамен и му беше одземена заслужената титула, додека хамилтон ја имаше целата среќа на светот.

денекса поианку би се справил со ситуацијата и поради тоа за мене михаел шумахер е сам на врвот по бројот на освоени титули.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ