Енцо Фитипалди стана дел од Академијата на Ред Бул

Младиот бразилец Енцо Фитипалди стана дел од славната возачка Академија на Ред Бул.

21-годишникот се тркаше во Шаруз Рејсинг во Формула 2 оваа сезона каде е на 6то место со шест подиуми во досегашниот дел од сезоната. Тој е помлад брат на Пиетро Фитипалди, резервистот на Хаас со две Гранд При трки зад себе, а неговите планови за тркање догодина сеуште не се потврдени.

пресреќен сум што официјално можеме да потврдиме дека ќе станам дел од семејството на ред бул благодарение на доктор хелмут марко и кристијан хорнер – напиша фитипалди на социјалните медиуми.

Дедо на Енцо е Емерсон кој е Формула 1 првак од 1972 и 1974 година. Бразил нема претставник на гридот од пензионирањето на Фелипе Маса во 2017 година, а овогодинешниот Формула 2 првак, Фелипе Другович, исто така бразилец, ќе биде резервист во Астон Мартин од следната сезона.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ