За Саинз, Мајами е можност да се потврдат перформансите од Баку

Карлос Саинз гледа позитивно на врзаните трки во Баку и Мајами откако екипата имаше добри перформанси низ главниот град на Азербејџан.

Шпанецот беше половина секунда зад својот колег на двете квалификациски сесии, а заврши две позиции зад него на двете трки. На главната трка, лесно можеше позиција погоре, но “заспа“ на рестартот и загуби позиција од Фернандо Алонсо. Но, неубедливите перформанси на сетот хард му покажале дека и покрај тоа, тешко дека ќе бил побрз од Астон Мартин и Фернандо.

На саботниот спринт, шпанецот посочи дека константно се мачел со нестабилност во задниот дел од болидот и дека имал ментално тешка трка.

со оглед каде фернандо заврши, јасно беше дека секако ќе ме победи на трка и тоа не е ништо ново. пвата серија на медиум како да најдоб одличен ритам, но штом монтирав хард, повторно ми се појавија проблемте и гледав само да си го заштитам 5то место затоа што бев на лимитот да завршам во оградата – објасни саинз.

беше долга трка која ментално ме исцрпи затоа што цел викенд се мачев, но сигурен сум дека во мајами ќе најдеме потврда на формата и брзината која ја имавме.

Дел од своите проблеми, возачот препишува на сменетиот спринт распоред каде возачите имаат многу малку време за тренинг пред да почнат квалификациите. 

Тој посочи дека е задоволен што Мајами е само една недела по Баку, а уште подобро што трката го враќа традиционалниот формат.

не сум сфатил зошто се мачев затоа што немавме време да седнеме и да анализираме. моравме експресно да се подготвуваме за секоја сесија, затоа што таков беше форматот.

сеуште не сме ги виделе добро податоците за да заклучиме што се случи и што да очекуваме викендот, но сигурен сум дека инженерите си ја завршиле својата работа и ќе продолжиме со работа во мајами. јасно е дека сме фрустрирани од долгиот викенд во баку каде немавме време за ништо.

на некој начин мислам дека е позитивно што следната трка е толку брзо за да ги оставам лошите перформанси зад себе. ми треба нормален викенд за да си го вратам чувството во болидот и ќе имам шанси во америка да експериментирам со сетирањето.

И покрај Фактот што Леклер го донесе првиот подиум за тимот сезонава и беше втор, пред Макс Верстапен на спринтот, Карлос е дециден дека во Ферари има многу простор за подобрување во однос на ритамот на трка.

мислам дека имаме уште многу работа во однос на трките. кога ќе видите колку бевме побрзи од астон на квалификациите, а каква беше споредбата на трка, докажува дека имаме слабост во ритамот на трка.

очекувам да продолжиме да напредуваме со мали чекори во вистинска насока. барем квалификациите изгледаат добро и иаме перформанси , но во недела се делат поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ