За секој случај, Астон останува во контакт со Хулкенберг

Астон Мартин сеуште немаат именувано резервен возач за оваа тркачка сезона, а шефот Отмар Шафнауер најавува дека тоа за нив годинава може повторно да го одработи Нико Хулкенберг.

Германецот го менуваше Серхио Перез на двете трки на Силверстон кога мексиканецот беше позитивен на Ковид-19, а возеше и како замена за Ленс Строл кога канаѓанецот се зарази на Ајфелското Гранд При на Нирбургринг.

нико може да биде наша замена, тоа би било одлично за нас. блиски сме со нико и разговараме со него, така што договор би бил одличен за екипата – најави шафнауер во својата неодамнешна изјава за германски RTL.

Како слободен возач кој не е под договор, германецот секако дека би бил задоволен да одработи некоја трка, особено со толку силна екипа од средината како што е Астон Мартин. По крајот на минатата година тој беше и во плановите за втор возач на Ред Бул, но на крајот во Милтон Кинс се решија за Чеко Перез.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ