Менаџерски раздор во Алпин: Шафнауер и Пермејн отпуштени

Шефот на Алпин беше на позицијата тимски шеф од Февруари 2022 година.

Алпин објави дека тимскиот шеф Отмар Шафнауер ќе го напушти тимот по Големата Награда на Белгија.

Шафнаер назначен во Февруари минатата година дојде како замена за Марцин Будковски како дел од менаџерските промени, и го доведе составот до четвртото место во текот на неговата единствена цела сезона на чело на екипата.

Но, со разочарувачкиот почеток на новата сезона, Астон Мартин и подоцна Мекларен ги прескокнаа Алпин во поредокот на конструкторите, поради последователните двојни откажувања по што екипата падна на шесто место.

И Шафнауер и спортскиот директор Алан Пермејн се ослободени од своите функции, ефективно по тековната трка, а Алпин ја потврдија веста пред квалификациите за ГП на Белгија.

Заминувањето на Шафнауер следи по заминувањето на Лоран Роси како извршен директор на Aлпин, при што беше преместен на специјални проекти во компанијата.

Роси, кој започна голем број критики по Големата Награда на Мајами, беше заменет од Филип Криф, чиј единствен фокус ќе бидат болидите на Алпин.

Потврдувајќи ја веста пред прес конференцијата на ФИА, на која требаше да учествува Фамин, во соопштението на Алпите се вели:

Тимот на Алпин денес објави дека ќе се раздели со тимскиот Отмар Шафнауер преку заедничка спогодба по Гранд При на Белгија во 2023 година.

Отмар ќе продолжи со обврските нормално за трката викендов во Белгија, пред да го напушти тимот пред летната пауза.

Тимот сака да му се заблагодари на Отмар за неговата напорна работа во изминатите 18 месеци и што го предводеше тимот во постигнувањето на четвртото место во шампионатот за конструктори во 2022 година. Тимот му посакува се најдобро во иднина.

Тимот исто така може да потврди дека ќе се раздели со спортскиот директор Алан Пермејн преку заедничка спогодба. Алан исто така ќе ја продолжи својата улога овој викенд во Белгија пред да замине пред летната пауза. Алпин му посакува се најдобро во неговите идни напори.

Тимот исто така објавува дека Пет Фрај ќе го напушти тимот за да ја продолжи кариерата во Формула 1 на друго место.

Бруно Фамин, потпретседател на Алпин Моторспорт, ќе ја преземе улогата на привремен тимски шеф на Алпин од Холандското Гранд При. Актуелниот директор на академијата на Алпин, Џулијан Роус, е именуван за привремен спортски директор, а Мет Харман го води техничкиот тим во Енстон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ