Зек Браун задоволен од Либерти и од ФИА

Формула 1, како и целиот свет, минуваат низ криза, но првиот човек на Мекларен, Зек Браун, е импресиониран од начинот на кој Либерти Медиа и ФИА ја менаџираат и решаваат кризата.

Сезоната во најпрестижната тркачка серија требаше да почне пред седум недели во Австралија, но викендот беше откажан два часа пред првата тренинг сесија поради позитивен Ковид-19 тест на член на Мекларен. Следуваа откажувања и на следните трки, така што во моментов се откажани првите 10 настани од календарот.

Паузата ги чинеше екипите милиони долари, фабриките остануваат затворени два месеци, а персоналот е на принуден одмор и сите вработени имаат намалени плати.

либерти продолжува да ни плаќа, им помагаат на повеќе загрозените екипи, не знам точно кои, но знам дека сите што побарале помош од нив, ја добиле. мислам дека прават се што можам и се што знаат за да го вратат тркањето и економски да не заштитат – задоволен е американецот.

Но, Зек не е полн со пофалби само за неговите сонародници од Либерти, туку и од регулаторот на спортот, ФИА на чело со Претседателот Жан Тод. Францускиот шеф на Федерацијата е еден од главните гласноговорници за намалување на буџетското ограничување од првичните 175 милиони долари на 145 милиони долари следната година.

импресиониран сум од работата на жан, носи одлични одлуки, супер препораки и настојува навистина силно да се спроведе најавеното ограничување на трошењето. тоа ни требаше и пред оваа криза.

се додека добро изменаџираме со кризата и го решиме проблемот, а не побегнеме од него, тогаш имаме убава иднина. опасноста ни ја наведна главата и некако многу луѓе претпоставуват дека работите сами ќе се решат, а тоа е опасно – заврши браун.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ