Зендер за грешката во Монца: Најголема последните 25 години

Тимскиот менаџер на Алфа Ромео, Беат Зендер, изјави дека грешката со гумите која ја уништи трката на Кими Раиконен во Монца била најголема грешка која тој на направил во своите 25 години во Формула 1. Швајцарецот е дел од Заубер од 1994 година и има одработено вкупно 455 трки со тимот.

тоа беше мојата најголема грешка во 25-годишната работа со екипата – смета зендер.

Проблемот се појавил поради лошото толкување на правилата за старт на трката од боксот. Раиконен мина до К3, но првиот свој круг го заврши во оградата крај Параболика, а од несреќата се оштети неговиот мотор и менувач кои мораа да бидат променети. Поради работа во парк ферме, финецот мораше да тргне од боксот, но екипата му вгради нови медиум наместо софт гумтие со кои го постави своето к2 време.

Поради тимот не ја променил таканаречената безбедносно келија по несреќата, не смееле да променат гуми за стартот на трката. Беат призна дека грешката е негова одговорност исто како и следењето на правилата.

требаше да знам дека мораше да стартуваме на меките квалификациски гуми со кои возевме во к2 – објасни зендер за швајцарски Blick.

И покрај стартот од гаражата, до 10от круг Раиконен веќе го подобри својот пласман за 5 позиции, но потоа следуваше казна која повторно го врати на опашката. На крајот по сите откажувања тој фиишираше на 15то место без никаква шанса вво ниту еден момент да нападне за поени.

Зендер е свесен дека без казната Раиконен сигурно ќе бил барем 13ти.

се надевам дека следните 25 години повторување на ваква грешка нема да ми се случи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ