Илот добива петочна сесија од Алфа во Австрија

Калум Илот ќе учествува на петочната тренинг сесија за Австриското Гранд При во Петок што ќе биде негово второ возење во Петок на болид на Алфа Ромео.

Второпласираниот возач од Формула 2 првенството лани возеше Формула 1 болид во Петок во пресрет на Португалското Гранд При како дел од долностите за резервен возач во тимот, улога која ја дели со Роберт Кубица.

Антонио Џовинаци ќе го предаде својот болид на младиот британец исто како што направи и на Портимао.

втората моја петочна сесија во сезоната ќе биде одлична шанса да му помогнам на тимот и да завршам добра работа која ја почнав во португалија на почетокот од сезоната.

веќе подобро го знам болидот и тоа дефинитивно ќе ми помогне од почеокот, а ги знам и податоците кои ги анализиравме по првото возење што значи дека имам силна база како за почеток.

нетрпелив сум за оваа нова можност во ситуација во коај тимот станува се посилен – вели илот.

На ова, шефот на екипата, Фредерик Васур, додаде:

начинот на кој калум се интегрираше во екипата во многу кусо време е одличен и да се види во болидот со добра база за сетирање од претходното воење ќе биде интересно.

одработе одлично а нас во португалија, а податоците кои ни ги донесе беа многу корисни за нас. нетрпеливи сме за нова продуктивна сесија со него.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ