Илот се надева дека повторно ќе добие шанса

Калум Илот се надева дека ќе добие можност за петочна тренинг сесија во остатокот на сезоната откако закажаното возење на Нирбургринг не се случи поради многу лоши временски услови.

Британецот требаше да одработи 90 минути за Хаас во болидот на Роман Гросжан, но возење по Нирбургринг во Петок немаше. Иста судбина имаше и моменталниот лидер во Формула 2 поредокот, Мик Шумахер, кој требаше да одработи за Алфа Ромео.

Илот и Мик се дел од Академијата за млади возачи на Ферари, а по пропуштените сесии во Петокот, Матиа Биното ги охрабри дека ќе најдат можност за да ги сместат во болидите на некои од следните трки.

верувам дека ќе добијам уште една шанса годинава, но мора да се разговара и да се размисли. мислам дека матиа кажа дека абу даби стои како можност, но ќе видиме. сепак, одлично е да се биде овдека како дел од тимот и да се учи од нив на тркачки викенд. секако дека не е идеално затоа што не возев, а од тоа се учи најмногу, но не можам да се пожалам затоа што сум дел од тимот викендов.

штета што не добив можност да се докажам, но таков е животот понекогаш, не беше во ничија контрола, времето не ни дозволи. добро е и беше исправно што беа откажани сесиите, а ќе видиме како ќе биде во остатокот од викендот – изјави калум.

Младиот британец е задоволен од начинот на кој бил пречекан во американската екипа и покрај тоа што Гунтер Стаинер откри дека не размислува на него како на опција за следната година.

гранд при викенд е многу различно одошто тест за дебитанти, тркакиот викенд е друга класа. од пробата на седиштето и пристинугвањето на патеката одлично се вклопив и ќе видиме како ќе биде понатаму, но одлично е да се биде дел од формула 1 екипа, да се види каде работат гросжан и магнусен.

викендот беше сам по себе бавен, сите сакаа да возат, кевин и роман беа околу и имав многу состаноци со нив така што одлично е да се види што всушност се случува.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ