Илот ќе вози на уште 8 тренинг сесии

Шефот на тимот на Алфа Ромео, Фредерик Васур изјави дека Калум Илот ќе вози за тимот на уште осум тренинзи оваа година.

Илот, тест возачот на Ферари за 2021 година, дебитираше во Формула 1 тркачкиот викенд последен пат во Португалија, возејќи го болидот на Антонио Џовинаци во Т1.

22-годишникот импресионираше, завршувајќи ја сесијата на седумнаесетто место, со четири десетинки заостанување од својот тимски колега Кими Раиконен. Со оглед на тоа што Роберт Кубица е официјален резервен возач на Алфа Ромео, полјакот се очекуваше да биде оној што обично ќе вози наместо Џовинаци или Раиконен во Петок оваа сезона, но Васур вели дека младиот британец ќе го стори тоа повторно.

Имаме добри односи со Калум.

Тој се чувствува пријатно во тимот и односите се добри. Тој беше прилично опуштен во болидот, јас навистина ја ценев неговата сесија.

Тоа беше прв пат, но веројатно ќе му биде дозволено почесто да го вози болидот за време на првиот слободен тренинг. Следниот пат кога е во Франција, веројатно ќе му биде многу полесно.

Помеѓу две и осум дополнителни тренинг сесии. Неговата следна сесија ќе биде во Франција, по што ќе видиме – вели Васур.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ