Имола ќе се вози без публика

Големата награда на Емилија Ромања која ќе се вози следниот месец ќе биде без гледачи поради ситуацијата со корона вирус пандемијата во тој регион од Италија.

Славната Имол во Сан Марин се врати во Формула 1 лани како дел од корона календарот кој беше силно променет поради пандемијата. Организаторите лани имаа намера да пуштат ограничен број на гледачи на патеката, но сето тоа “падна во вода“ со засилувањето на здравствената криза и заострување на меките во борбата против болеста во Италија.

Имола беше додадена и на овогодинешниот Формула 1 календар како втора трка и ќе се одржи од 16 до 18 Април, но зад затворени врати и без присуство на гледачи. Емилија Ромања регионото во Италија каде што е лоциран автодромот, неодамна доби засилени мерки како резултат на се поголемиот број заразени со корона вирусот.

Од ланските 17 Гранд При тркачки викенди, ограничен број на гледачи примија само четири патеки и тоа италијански Муџело, руски Сочи, Нирбургринг во Германија и Портимао кој имаше премиера во тркачката серија.

Бахеинското Гранд При кое е на програмата викендов ќе биде со ограничен број на гледачи, исклучиво оние кои примиле вакцина или неодамна го прлежале вирусот.

Организаторите во Европа на трките во првата полоцина од годината будно го следат развојот на настаните и мерките на Владите, а Азербејџан веќе потврди дека во Баку ќе се вози пред празни трибини.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ