Интересот на Фолксваген покажува дека Формула Е заостанува

Кристијан Хорнер, шефот на Ред Бул, смета дека предизвикот кој се сметаше дека електричната Формула Е ќе го насочи кон Формула 1 не постои.

Најпрестижната моторспорт тркачка серија ќе ја загуби Хонда на крајот на оваа година, така што ќе останат три производители, плус Ред Бул, но интересот на групацијата Фолксваген е се поголем.

без оглед каков мотор ќе иамме од 2025 или 2026 година, истиот мора да азвучи добро и да биде забавен за формула 1 како шоу – најави хорнер за La Gazzetta dello Sport.

Тој посочи дека Ауди и Порше како дел од Фолксваген групацијата, целат на влез во Формула 1 во истиот момент кога ја напуштаат електричната Формула Е.

електричното тркање не е завршено, а од друга страна, формула 1 мора да постави јасна цел пред себе. добро е што големи комапнии сакаат да влезат во оваа тркачка серија, што значи дека сеуште сме многу атрактивни. од друга страна, заминувањето на производители од формула е е повеќе од очигледно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ