Исола од Пирели му честита за стратегијата на Албон

Пирели веруваат дека Алекс Албон на Австралиското Гранд При постигнал нешто што во Формула 1 не било видено цели 12 години.

Брианецот со тајландско потекло стартуваше од последното место на гридот поради тоа што беше виновен за судар со Ленс Строл на претхдната трка, а успеа да се пробие и да дојде во поени на 10то место. Тоа го направи со невообичаена стратегија стартувајќи на хард гумите кои за Мелбурн беа Ц2 компоненти, не промени гуми за време на двете безбебедносни возила и се најде на 7мо место се до претпоследниот круг кога промени гуми, а тоа го направи затоа што една промена на гуми е пропишана во правилата.

Откако влезе во боксот, не беше јасно дека тој ќе излезе пред Жу Гуанју за да дојде во поени, но успеа и финишираше 2,3 секунди пред него, а 3,1 секунда пред Пјер Гасли кој беше 9ти. Марио Исола, шефот на Пирели моторспорт, откри дека никој не го направил тоа што го направи Албон од 2010 година.

прв пат по 12 години гледам ваква стратегија каде болид од почетокот до крајот на трката вози со исти гуми, неверојатен пристап – изјави исола.

Во меѓувреме, најблиску до такво постигнување беше Нико Розберг во 2014 година на Сои кога откако не успеа да го мине колегата Хамилтон на стартот од трката и ги оштети гумите по што промени на крајот од круг и возеше со тие гуми до крајот на трката. Но, иако тргна од прво место, заврши на второ, така што реално назадуваше за разлика од возачот на Вилијамс.

Запрашан дали смета оти болиди во иднина ќе се обидат да ја повтората стратегијата на Албон, Исола објасни:

зависи од нивото на гориво и од гумите, исто така и безбедносните возила. вилијамс извадиа максимум од гумите со добра брзина, тоа е речиси најважна информација. со ниските температури кои се дозволени на новите греачи и новите компоненти на гумите, проблем е загревањето на пневматиците. исто така, првите кругови по повлекување на безбедносното возило се тешки затоа што гумите треба да се загреат. поради сето тоа сметам дека она што албон го направи е неверојатно, а сеуште се прашувам како успеа.

Италијанецот потсети дека Албон и Вилијамс можеле да освојат и дополнителен поен за најбрз круг.

вилијамс си имаа свои пресметки, но ако сопреа неколку ругови порано, можеа со софт нови гуми да бркаат најбрз круг на трката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ