Историјата се повторува: Ферари се враќа на Ле Ман

Ферари ќе се врати во светскиот шампионат во издржливост во 2023 година и ќе се трка на престижниот историски 24 Часа Ле Ман како фабрички тим за прв пат по пет децении.

Ферари вчера објави дека започнале проект за хиперавтомобил со кој ќе се натпреварува во највисоката класа на ВЕЦ. Како деветкратен победник на Ле Ман, потфатот на Ферари е голема вест за серијата на издржливост во моторспортот и нејзиниот легендарен 24-часовен настан.

После период на студии и анализи, Ферари го започна развојот на новиот автомобил за Ле Ман, а во следните недели ќе ги започне фазите на дизајнирање и симулација.

Програмата за тестирање на патеката, името на автомобилот и возачите кои ќе ги сочинуваат официјалните екипи, ќе бидат дел од идните соопштенија – гласи изјавата од Маранело.

Претседателот на Ферари, Џон Елкан додаде:

За време на повеќе од 70 години трки на патеки ширум светот, ги водевме нашите автомобили до победата со истражување на врвни технолошки решенија, иновации што произлегуваат од патеката и го прават секој произведен автомобил на патот во Маранело извонреден.

Со новата програма “ЛеМан хиперкар“, Ферари уште еднаш ја потврдува својата спортска посветеност и решеност да биде учесник на најголемите светски настани во автомобилизам.

Програмата хиперавтомобил на Ферари ќе се одвива паралелно со нејзините напори во Формула 1 и може да биде интересна дестинација за некои млади таленти запишани во нејзината академија за млади возачи, како што е Калум Илот или можеби дури и Антонио Џовинаци од Алфа Ромео.

Објавувањето за посветеноста на Ферари на светскиот шампионат на издржливост на ФИА со влез од 2023 година е одлична вест за ФИА и поширокиот свет на моторспортот.

Верувам во концептот дека хиперавтомобилите се важни за патиштата, а кои се натпреваруваат во ВЕЦ и на 24 часа ЛеМан. Со нетрпение очекувам да ја видам оваа легендарна марка како го презема овој амбициозен проект – изјави Жан Тод.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ