По само три трки во сезоната, италијанскит емедиуми го повикаа Ферари да го направат Шарл Леклер прв возач во тимот откако Мерцедес и неговите возачи веќе имаат предност во поредокот.
Приоритет од почетокот на сезонава има германецот Себастијан Фетел, а тимските наредби давани на првит три трки многу добро го отсликаа тоа.
ако има возач од 30 милиони долари и возач од 2,5 милиони долари, тогаш хиерархијата е јасна и нема што да се лутиме – изјави стручниот коментатор на фински мтв, тони виландер.
Но, Corriere della Sera по трката напиша:
би било подобро доколку ферари конечно разберат дека го имаат вистинскиот возач во своите редови, а тоа е шарл леклер. во маранело треба да ја земат капитенската лента од фетел и да му ја даадат на леклер.
Во врска со тимските наредби Gazzetta dello Sport пренесе:
контроверзиите се секундарни во однос на поважен проблем: во кина, ферари не беа брзи како мерцедес кои победија на сите три трки до сега. за борбата за титула ова е сериозен аларм.