Италија Т1: Верстапен со совршен почеток во потера по рекордот

По победата на Холандското Гранд При, на првиот слободен тренинг за Големата Награда на Италија, Макс Верстапен повторно беше на челната позиција со најбрз круг од 1.22.657 користејќи ја тврдата компонента на Пирели.

Овој викенд Верстапен има уникатна шанса да постави историски рекорд во Формула 1 доколку оствари победа на неделната трка, што би значело успех од 10 последователни победи во една сезона.

Сите возачи во топ 5 ги извозеа своите најбрзи кругови со истата компонента, а зад Холандѓанецот на втората позиција се пласираше Карлос Саинз од Ферари, со минимално заостанување од 0.046 секунди, додека третото место му припадна на Серхио Перез во вториот ред Бул, 0.177 секунди за својот тимски колега.

Шарл Леклер го помина поголемиот дел од слободниот тренинг во гаражата на Ферари поради проблеми со задната суспензија и се очекуваше тој воопшто да не излезе на патеката, но сепак возачот од Монако успеа да комплетира неколку кругови и да постави четвртто најбрзо време.

Топ 5 го заокружи Џорџ Расел од Мерцедес, половина секунда зад Верстапен.

Фернандо Алонсо од Астон Мартин беше шестопласиран на медиум Пирели гуми, следен од Ландо Норис со софт компонента, додека Луис Хамилтон во вториот Мерцедес беше само осми најбрз во сесијата.

Јуки Цунода од АлфаТаури беше деветти, додека Алекс Албон од Вилијамс го заокружи топ 10 со заостанување од 0.787 секунди зад Макс Верстапен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ